Категории

7 знаци дека имате натпросечна социјална интелигенција

Дали сте една од ретките личности?

Социјалната интелигенција, психолозите ја дефинираат како способност на мудро однесување во меѓучевчките односи, а делимично има врска и со бонтонот односно правилата на убаво однесување.
Социјалната интелигенција подразбира особини како што се љубезност, внимателност и активно слушање. После разговорот со социјално интелигентната личност, се чувствуваме сталожено и исполнето, а не како некој да го „истиснал“ животот од нас.

1.Не се обидувате да измамите емоционална реакција од оној со кој разговарате
Додека разговарате за успехот на работа или му ги покажувате своите нови чевли на својот пријател, не очекувате другите да ви се восхитуваат, и да ви кажуваат пофални зборови и на цел глас да ве фалат. Личностите со висок коефициент на социјална интелигенција не им е потребна потврда од другите луѓе.

2.Не зборувате за други луѓе, политика и ставови
Најбрзиот начин некој да делува неинтелигентно е да каже „тоа е погрешно“. Социјално интелигентната личност ќе каже „јас сметам дека се разбирам во тоа / јас не се согласувам со тоа“. Социјално интелигентните личности не зборуваат за другите луѓе и нивните ставови. Таквото однесување открива луѓе со затворен ум.

3.Не сметате дека поради вашето мислење за некого таа личност е навистина таква
Социјално интелигентните луѓе нема да кажат „тој е будала“ како да е тоа факт. Наместо тоа ќе речат „имав негативно искуство со таа личност и поради тоа се чувствував многу непријатно“.

4.Знаете како на здрав начин да се одвоите од нечии зборови
Со други зборови, знаете дека светот не се врти околу вас. Знаете да слушате, а да не мислите дека нечии зборови се упатени кон вас. Знаете да се одвоите од сопствените проекции и барем да се обидете да ја разберете перспективата на другите личности не претпоставувајќи дека тоа има некаква врска со вас.

5.Слушате за да чуете а не да одговарате
Додека слушате што другата личност има да каже, се фокусирате на тоа што таа го зборува, а не на тоа што ќе го одговорите вие.

Прегледи:
1145
Објавено на:
18.11.2019