Категории

Народни верувања: Што не треба да подарувате на слави, родендени и празници?

Започна сезоната на слави, а набргу ќе пристигнат и празниците, па луѓето веќе размислуваат што ќе им подарат на драгите личности за овие пригоди.

Кога купувате подароци за саканите, не заборавајте дека постојат предмети за кои се верува дека не треба да ги подарите, бидејќи привлекуваат негативна енергија и неуспех во животот на оној на кој му ги подарувате!

1. Остри предмети

Ножици, ножеви и други остри предмети како магнет привлекуваат негативн енергија. Можете да ги купувате за себе, но како подарок за другите, не.

2. Огледало

Се верува дека во огледалата е заробена магија и дека поради тоа не треба да се купуваат за подарок. Наводно подарените огледала им носат неволја во животот на оној кој ќе ги добие.

3. Медицински уреди

Мерачи, масажери и домашни терапии не треба да се купуваат ни да се прифаќаат како подарок, бидејќи се верува дека тие го влошуваат здравјето.

4. Садови

Ако сакате да подарите некому тенџере или шолји, во секој сад ставете по една паричка. Празните садови носат сиромаштија.

5. Часовник

Кинеските мудреци веруваат дека прифаќањето часовник за подарок е почеток на одбројувањето до смртта. Исто така, веруваат дека подарениот часовник предизвикува прекинување на односите или оддалечување.

6. Паричник

Исто како и со садовите, ни паричникот не се подарува празен. Ако подарите празен паричник, привлекувате сиромаштија или губиток на пати, драгоцености…

7. Бисери

Се верува дека со подарувањето на бисери се носат болести и губитоци во домот. Бисерите се симбол на солзи и вдовици и токму затоа настанало ова верување.

Прегледи:
965
Објавено на:
19.11.2019