Категории

Едноставна метода која ќе ве спречи да мислите негативно за себеси

Многумина од нас порано или подоцна паѓаат во замката на негативното размислување од кое понекогаш е многу тешко да се извлечеме.

Но постои една метода која психолозите ја развија, а која на секој од нас може да му помогне да ја совлада малодушноста и повторно да почне да ги забележува убавините кои ги нуди животот.

Што треба да направите?
-Држете лист и пенкало покрај креветот, и секоја ноќ пред спиење запишувајте три нешта кои ве сопаѓаат кај вас самите тој ден.
-Наутро, прочитајте го тоа пред да станете од креветот.
-Правете го тоа секој ден во текот на 30 дена.

Тоа не мора да бидат големи нешта како „Јас сум добра личност“ тие можат да бидат едноставни како на пример: „Ми се допаѓа тоа што денес му ја придржив вратата на колегата од работа“ или „Ми се допаѓа што денес не се изнервирав во големата гужва“, „Ми се допаѓа што се трудам да ја испробам оваа метода иако не сум сигурна дека ќе помогне“..

Додека го правите ова не само што ќе станете свесни за своите позитивни особини, тие ќе станат се поочигледни затоа што ќе го промените начинот на кој ги интерпретирате чувствата кои се случуваат околу вас.
Комплиментите стануваат нешто што го слушате и прифаќање затоа што се во склад со новото размислување. Случувањата околу вас ги согледувате со помалку самокритичност. Придржувајте се кон оваа метода и со тек на време таа ќе ви предизвика кумултативно уживање кое го подобрува мислењето за самите себеси – а тоа значи и подобра психичка состојба.