Категории

Најголеми грешки кои ги прават заљубените жени

Во љубовта е сѐ дозволено, но некои нешта се едноставно премногу и ѝ штетат на врската

Тогаш кога ќе ја пронајдеме вистинската личност со која ни се чини дека е идеална за нас, добиваме нагон таа врска да ја заштитиме на сите можни начини.
За жал, понекогаш претеруваме со тоа или еднсотавно грешно ја проценуваме таа врска. Издвоивме пет најчести грешки кои заљубените жени ги прават кога се во врска:

Очекуваат од партнерот да ја исполни потребата за љубов веднаш
Доколку неколку време се без партнер, силно посакуваат врската да оди совршено. Без недоумици, игри, да биде исполнета со љубов, но често тоа претставува замка која придонесува да се создадат некои нереални очекувања од партнерот уште на самиот почеток. За големата љубов треба големо време.

Чувствуваат дека треба да се променат за да бидат сакани
Ова е една од најголемите грешки, и спаѓа во оние „недозволени“ грешки. Често се случува жените да ги занемаруваат своите претходни навики и потреби откако ќе стапат во нова врска со цел да ја задржат личноста покрај себе. Тоа е се, само не добро. Таа мрежа на „удоволување на партнерот“ придонесува во заборавање на индивидуалноста во личниот карактер. Немате потреба да се менувате за никого, ако вашиот партнер смета дека тоа е неоходно, бидете сигурни дека тој не е за вас.

Чувствуваат дека треба да останат исти
Ова е сосема спротивен случај на претходниот – тука се наоѓаат во складна врска и не помислуваат на никаква промена. Ова исто така може да доведи до тоа да се запоставите себеси, што никако не смеете да го правите.

Очајно сакаат да ја исполнат секоја желба на партнерот
Заљубеноста може да доведи до тоа некои жени повеќе да се грижат за среќата на партнерот отколку на сопствената, жртвувајќи нешта кои нив ќе им донесат незадоволство но задоволство на партнерот. Секако добро е да посакувате да го направите вашиот партнер среќен но се додека тоа ве прави среќни и вас и е во ваш досег на можностите, во спротивно тоа преминува во жртвување.

Прегледи:
651
Објавено на:
23.11.2019