Категории

Родена во 1962 година, живеела во циркус….каков бил животот на шимпанзото Мими пред да дојде во Скопје?

Пред некој месец Коко се врати дома во Скопје, а со него дојдоа Мими, Изи и Роси. Нашиот Коко се лечеше од депресија во Холандија, а сега тој со своите другарчиња ужива во Скопје. 

Но каков бил животот на овие животни пред да дојдат во Скопје?

Од скопската зоолошка градина ја споделија приказната за Мими, најстарото шимпансо во Скопје ЗОО.

„Нашата Мими имала тежок живот се до доаѓањето во ААП на рехабилитација. Родена е во 1962 година и како мала од дивина била однесена во циркус. Поради тоа што била болежлива и не можела да ги изведува циркуските точки, сопствениците на циркусот ја продале во Германија. Таму, во една градина живеела во лоши услови и мал простор се додека не била спасена и преземена од нашите холандски пријатели.“ пишуваат од ЗОО Скопје. 

Мими, во Холандија успешно се ресоцијализирала и се здружила со Коко, Изи и Роси, со кои пред неколку месеци се пресели во Скопје. Оваа мила мајмунка е уникатна и препознатлива по белите шари на лицето, секогаш ја добива најголемата грижа од сите шимпанза, како најстар член во групата, раскажуваат од зоолошката. 

Прегледи:
508
Објавено на:
23.11.2019