Категории

Бели лаги: Овие нешта сите жени ги кријат од своите партнери

Сосема е нормално да премолчите некои нешта од вашиот партнер

Искреноста е темел на секоја врска, но некои нешта е подобро да ги задржите за себеси. Жените во главно се свесни за тоа и често сокриваат некои ситници кои би можеле да ја упропастат врската доколку нивните партнери би знаеле за нив.

Најдобрата другарка знае се
Речиси и не постои жена која не ги и кажува на својата најдобра другарка сите детали од врската – од активности во спалната соба до износот на неговата банкарска сметка. Ретко што од врската е сокриено од најдобрата пријателка и тоа нема никогаш да се промени.

Влакна по телото
Ретко која жена ќе се осмели да се пофали со влакнести нозе или пазуви. Влакната на женското тело се и понатаму табу, но поголемиот дел од мажите за нив воопшто не знаат.

Неуредна страна
Жените се подеднакво неуредни колку и мажите, само тие подобро го сокриваат тоа, а најчесто под креветот, во ормарот, па дури и во несесерот за шминка.

Споредување со бившиот
Сосема е вообичаено на почетокот на врската да го споредувате новиот партнер со поранешниот/те. Новиот во главно победува, но не значи дека и наскоро не може да стане бивши.

Мажите се секогаш на тест
Кога се во врска, жените го анализираат секое движење, гест, реченица, израз на лицето па дури и пораките на својот партнер и тоа анализирање никогаш не престанува. Освен анализа, тестот вклучува и трик прашања како на пример „Која тие најубавата колешка на работа?“, на која мажот треба многу вешто да одговори за да избегне проблем.

Фантазираат за неговиот најдобар пријател
Поголемиот дел од жените тоа не го прават намерно, но речиси секоја жена барем еднаш фантазира за најдобриот пријател на своето момче, дури и кога не може да го поднесе, но тој феномен е необјаснив.

Прегледи:
415
Објавено на:
25.11.2019