Категории

Шармантните французинки ги откриваат своите тајни на заведувањето

Ниеден маж не може да им одолее..

1.Се смешкаат дури и кога не им е до смеење
Смејте се секогаш – дури и кога вашата душа е ранета. Луѓето сакаат насмеани личности, затоа што зрачат со позитивна енергија.

2.Тие живеат по принципот: „Изгледај убаво, чувствувај се убаво“
Французинките изгледаат убаво во сите можни околности, дури и кога одат до продавница. Ретко ќе сретнете французинка облечена во тренерка, и коса врзана во коњско опавче.

3.Знаат колку вредат
Французинките се познавааат себеси, знаат колку вредат и се држат до своите принципи. Тие се независни жени кои се силни, мудри и амбициозни.

4.Не се плашат од мажите
Француската култура не ги раздвојува девојчињата од момчињата, тие се третирани исто. Можеби тоа е причината поради која кај нив ретко има табу теми.

5.Тие се називни
Го ценат својот личен простор, дури и во брак. Французинката не бара маж да ја усреќи, таа самата си ја создава сопствената среќа.

6.Тие се романтични
Во Франција воздухот е полн со романтика, поради тоа никој не може да остане рамнодушен. Тие сакаат да се бакнуваат, да флертуваат, имаат нежна насмевка и жив поглед..

7.Секогаш се секси, но не и вулгарни
Французинките ја фаворизираат сензуалноста и сексуалноста и таму тоа се смета за изразување на естетиката.

8.Не очекуваат мажите да им симнуваат ѕвезди од небото
Тие не бараат принц на бел коњ, затоа што знаат дека не постои.

9.Тие се страствени
Французинките уживаат во добрата храна, вкусните пијалаци, бакнежите и страста. И тоа со овој редослед.

10.Тие знаат што сакаат и кога го сакаат
Поради тоа многумина помислуваат дека французинките се непристапни, но едноставно тие не го трошат времето на погрешни луѓе кои не ги интересираат.

Прегледи:
352
Објавено на:
29.12.2019