Категории

Интимна церемонија – Најпосакуваната оскаровка застана на лудиот камен

Една од омилените актерки во Холивуд го кажа судбоносното „да“.

Оскаровката Џенифер Лоренс се омажи за њујоршкиот трговец со уметности Кук Марони на интимна церемонија на Роуд Ајленд во САД на која присуствуваа нејзините најблиски и бројни колеги од шоу бизнисот.

Помеѓу поканетите гости во дворецот Белкорт каде се одржуваше свадбената цермонија се наоѓаа Ема Стоун, Крис Џенер и Ејми Шумер.
Како што пренесуваат американските медиуми, Џенифер го кажа судбоносното „да“ во едноставна венчаница во нежно розова боја со потписот на модната куќа “Dior” на која таа самата е заштитно лице.