Серијата „Сексот и Градот“ беше емитувана пред 15 години, а денес е една од најпопуларните и најгледани серии.
Обожавателите на Кери, Саманта, Шарлот и Миранда се надеваа дека легендарната четворка ќе сними уште еден филм, но поради лошите односи помеѓу актерките тоа дефинитивно нема да се случи. За снимањето на серијата неодамна се отвори Кристин Дејвис која ја имаше улогата на Шарлот. Таа реши да открие која сцена и била исклучително ужасна за да ја сними.
„Тоа беше сцената кога бев во кревет со лик кој мораше да ми се дере во лице: Ку*во.
Беше ужасна и гадна, навистина ја мразам таа сцена и ми беше многу непријатно во текот на снимањето.“
На прашањето за тоа кој лик е по драг – Ѕверка кој го играше Крис Нот или Ејдан кој го играше Џон Корбет, таа одговори: „Навистина го сакав Ејдан, сметав дека беа одличен пар со Кери, но на Кери и беше суден господинот Ѕверка“.