Дефинитивно ќе се сложите дека е навистина многу згоден
Убавата пеачка и поранешна членка на групата Pussycat Dolls – Никол Шерзингер е повторно заљубена! После емотивното разочарување со Григор Димитров, таа е повторно среќна и задоволна со својата нова љубовна врска. Иако има успешна музичка кариера, на љубовно поле и не ја прати особена среќа, нејзините врски често завршувале и таа останувала сама со скршено срце.
Никол е моментално во врска со 7 години помладиот Том Еванс. Тие неколку пати се „уловени“ заедно на романтична вечера.
Како што пренесуваат странските медиуми, рагбистот Том е луд за Никол а неговата импресионираност за неа веројатно започнла уште кога тој учествуваше на X Фактор каде Никол беше во жирито, а тој во неколку наврати за неа изјави дека е „Најубавата жена на светот“. Том беше дел од групата Try Star.