После главната вечер на 21. издание на Таксират во сабота на 7-ми декември, во недела не очекува настап на 55-годишниот германски диџеј и продуцент Свен Ват, кој пристигнува ексклузивно од Амстердам во Скопје за својот целовечерен сет.
Свен е едно од најголемите имиња на светската електронска сцена. Ја почнал кариерата како диџеј во 1982, за по неколку години да почне и со музичка продукција. Во 1990-ите, тој важеше за еден од најпопуларните германски музичари и оттогаш не престана со настапите низ цел свет.
На главната вечер на „Таксират“, која ќе се одржи на 7 декември, исто така во „А1 арена“, не очекуваат Chase & Status од Велика Британија, Хладно пиво и Војко од Хрватска, Peter Bjorn and John од Шведска, Београдски синдикат од Србија, Суперхикс…повеќе за програмата може да погледнете на следниов тука.