Категории

Овој збор може да ја уништи вашата врска

Внимавајте кога му го изговарате на вашиот партнер, тој може да биде причина за раскинување

Зборовите буквално можат да создадат или да уништат, во зависност од тоа како ги користиме. Ако сметате дека мислите се моќни, тие се ништо во споредба со влијанието кое го имаат зборовите.
Прочитајте ги овие изјави и одлучете дали се штетни или не:
„Извини што не ти одговорив на повиците и пораките. Навистина бев зафатен/а.“
„Тоа звучи интересно. За жал, зафатен/а сум со работа.“
„Би сакал/а да го посетам новото место со вас, но сум зафатен/а.“

Што мислите? На површина, нема ништо погрешно. На крајот на краиштата сите имаме обврски, па сигурно е дека ќе претпоставиме дека тие навистина се зафатени, зарем не?

Но всушност овој збор „ЗАФАТЕН“, доведува многу врски до пропаст.
Кога ќе му кажеме на нашиот партнер дека сме „зафатени“, во контекст да поминеме време со него, тоа испраќа моќна психолошка бомба во структурата на врската. Тоа зборува многу повеќе од фактот дека всушност сме зафатени. Тоа го открива фокусот на на нашата енергија, желбите да бидеме со нив, структурата на нашите приоритети и важност која ја имаат за нас.

Скоро сите се „зафатени“ со некоја работа или обврска, но посочувајќи му го тоа на вашиот партнер, му давате до знаење дека не сакате да бидете со него, на крајот од денот секој може да издвои час од денот да се види со саканата личност.

Прегледи:
387
Објавено на:
28.12.2019