Појадок од овесни снегулки и овошје – оваа каша / смути мора да ја пробате!
Ви откриваме еден од најдобрите оброци што можете да го јадете наутро.
Не станува збор за обичен смути, туку за рецепт кој е прилагоден за прв оброк во денот, кој ќе ве држи сити до ручек, а папатно ќе ги задоволи сите респиратори на вкус, дури и на најголемите гурмани!
Состојките се многу здрави, а нивната комбинација дава чинија полна со растителни влакна, антиоксиданти и енергија.
Состојки:
- 2 лажици овесни снегулки
- 1 црвено јаболко (излупено и исечено на коцки )
- 1 банана
- 1/4 лажичка цимет
- 1/4 лажичка мелено морско оревче
- 150 мл млеко
Подготовка:
Истурете ги житарките и овошјето во блендер и убаво изблендирајте. Потоа додадете ги зачините и млекото па повторно изблендирајте додека смесата не се изедначи. Изладете го во ладилник неколку минути пред да го консумирате.
Напијте се и уживајте во феноменалниот вкус!