Категории

„Медена земја“ во потесен избор во две категории за престижниот Оскар!

Сосема заслужено после освоени безброј награди низ целиот свет „Медена земја“ се најде во потесна трка за Оскар, и тоа во две категории!

Приказната за Атиџе го освои буквално целиот свет, а сега македонскиот документарец „Медена земја“ во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска се наоѓа на кратката листа за номинации за Оскар.

Американската филмска академија ги објави потесните листи за номинации за 92-то издание на Оскар во дел од категориите, односно во девет, меѓу кои се најде и македонскиот документарец. и тоа во категориите за Најдобар документарен филм и Најдобар странски филм.

Официјалните номинации ќе се објават подоцна, а потесната листа на номинации можете да видите на следниов линк, а ние ја пуштаме сета среќа за офоцијална номинација во двете категории.

Прегледи:
626
Објавено на:
17.12.2019