Време е повторно да верувате во себе. Време е да продолжите со својот живот. Време е да верувате во Бог. Време е да ги оставите зад себе сите болни сеќавања. Време е да се фокусирате на она најважното: својата среќа.
Сега започнува ново поглавје за вас. Приказната сѐ уште не е завршена. Време е да прифатите сѐ што се случило, да ја научите лекцијата и да продолжите со своето патување. Време е да го ослободите своето срце од сѐ што боли и повторно да научите да се сакате себеси и својот живот.
Драга моја, ја заслужуваш целата среќа на овој свет, но запомни дека можеш да ја добиеш ако ти така одлучиш. Среќата не е само надворешна, туку и внатрешна – а таа внатрешната е посебна бидејќи е почиста и поискрена од било која друга среќа. А можеш да ја оствариш само кога ќе научиш да се цениш себеси поради тоа што си. Кога ќе одлучиш да не бидеш груба кон себе. Кога ќе продолжиш по својот пат.
Секогаш сетете се да се сакате себеси. Конечно е љубовта кон себе најважна работа која може да ја направите во овој живот. Низ животот поминувате низ многу нешта, Убави и помалку убави моменти. Ќе запознаете не само добро, туку и зло. Не само среќа, туку и тага. Затоа ќе ве замолам да бидете нежни кон себе, трпеливи… бидејќи она што го имате во себе е односот кој ќе трае засекогаш.
Сфатете дека немате контрола над сѐ што се случува во вашиот живот, Ниту над емоциите, ниту над луѓето. Време е да се откажете од сѐ што се случило. Завршете го тоа поглавје со смирена душа и широка насмевка на усните. Сети се да го прифатиш следното поглавје. Продолжете со својот живот.