Авалон продукција го носи Масимо Савиќ во Скопје.
„Големо задоволство ни е да ви најавиме дека после три години пауза, најквалитетниот пејач на Балканот, без конкуренција, Масимо Савиќ и еден од најомилените артисти на македонската публика, доаѓа во Скопје со два ексклузивни концерта на 03-ти и 04-ти февруари“, велат од Авалон.
Масимо овој пат ќе има свое деби во најубавата концертна сала на овие простори- салата на Македонската филхармонија.
Публиката ќе има можност да ужива во “best of” програма, каде што Масимо и неговиот супер бенд ќе ги изведат најголемите хитови: “Iz jednog pogleda”, “Stranac u noci”, “Dodirni me slucajno”, “Da mogu”, “Suze nam stale na put”, “Ostani tu”, “1000 ljudi”, “Kladim se na nas” и уште многу други песни кои ја одбележаа неговата 30 годишна музичка кариера.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре (18.12) во 09 часот наутро, по цена од 1.500 денари и ограничена количина на ВИП влезници по цена од 2.000 денари, а истите ќе бидат достапни за купување во Avalon Music & Ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk.
Важно: Се одржуваат само два ексклузивни концерта, а со оглед на тоа дека концертите на Масимо секогаш се распродаваат за брзо време, ви советуваме да си набавите влезници навреме, од утре наутро!