Категории

За нас, кои премногу сакаме. За нас кои премногу размислуваме и анализираме…

Ние сме оние чии срца лутаат. Нашите органи кои чукаат патуваат низ ходници и океани, барајќи нешто за кое можат да се држат.

Секогаш имаме потреба да им помагаме на оние на кои сме им потребни. Дури и ако тоа значи дека понекогаш треба да се откажеме од нешто што имаме. Дури и ако значи да завршиме со калливи раце и повредени коленици. Ние сме оние чии умови никогаш не престануваат да размислуваат. Велат, премногу размислување не е здраво, но ние сме уште полоши од тоа, ние анализираме опсесивно. Веруваме во метафори. Празната соба не е само празна соба.

За нас таа е приказ на празна душа, нешто без кое би биле луѓето осамени. Солзата за нас не е само капка солена течност.. Солзата е симбол на болката која ни сладоледот ни поезијата не можат да ја изразат, нешто толку моќно што ни човековата волја не може да го спречи.

Ние сме оние чии раце имаат најсилни мускули бидејќи секогаш на крај држиме прецврсто.

Ние сме оние кои остануваат откако сите ќе си отидат.

Ние сме оние кои се борат кога војната е готова.

Ние сме оние кои дозволуваат љубовта да се врати и откако ќе не напушти.

Ние сме оние кои даваат делови од себе за да ги заменат оние кои љубовта ги изгубила.

Ние сме оние кои се губат во другите.

Ние сме оние на кои не им останува ништо бидејќи сѐ им даваме на луѓето кои ги сакаме.

Боли, зар не?

Иако си му дала некому сѐ што имаш, нему тоа не му е доволно. Тоа е веројатноо клетва за нас кои премногу сакаме; тешко е да се најде некој кој ќе не сака со иста мера.

Прегледи:
551
Објавено на:
20.12.2019