Категории

Знаци на претпазливост кои укажуваат дека не го слушате своето срце

Дали навистина сте способни да се слушате самите себеси?

И зошто воопшто треба да се слушате себеси?
Единствено нешто на светот кое го носиме со себе е она во нашето срце. Меѓутоа, постојат знаци на претпазливост кои ви откриваат дека не го слушате сопственото срце. Еве кои сте тие:

Премногу сте заглавени во материјалниот свет
Трошите премногу време на размислување и работа на материјални нешта. Но најголемото задоволство секогаш доаѓа од нештата кои ги правиме со страст, а не од желба за материјалното.

Премногу сте загрижени
Загриженоста и недостатокот на доверба во себе се вистински удар за вас. Ако немате доволно самодоверба во себе, исто така не верувате во светот.

Се потценувате себеси
Мислите дека не сте доволно добри? Зошто? Верувајте дека имате се што ви треба.

Носите премногу терет
На секоја ситуација или чувство му е потребно време. Кога не можете да се откажете од одредени емоции, тие стануваат терет и ве влечат на дното. Секогаш прифаќајте ја тагата, а потоа кога ќе дојде време напуштете ја и продолжете понатаму.

Ги занемарувате сопствените потреби
Заглавени сте во кругот на рутината. Било да е тоа вашиот стил на живот, работа или вашата врска во која се чувствувате заробено.

Не го слушате внатрешниот глас
Тоа е тој глас или шепот кој се нарекува интуиција. Гласот кој знае што вашето срце вистински сака. Но ние многу често сакаме да го замолчуваме, затоа што обично не е во склад со она што го сака нашиот ум. Слушајте го!

Заглавени сте во минатото
Кога се ослободуваме од минатото, отвораме нова врата кон можностите и приликите.

Прегледи:
561
Објавено на:
24.12.2019