„Нов почеток и нов живот. Анастасија и Габриел се првите родени бебиња – близначиња на Клиниката за гинекологија и акушерство. На родителите им посакувам добро здравје, успешна и среќна година. Мајката Снежана ја има целосната потребна здравствена заштита и нега.
Упатувам честитки за професионалноста до целиот медицински персонал во сите јавно-здравствени установи. Нека ни е среќна новата 2020 година!“, вели во објавата на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.