Диз е со семејството од своето раѓање и е многу приврзана за својата сопственичка која е сега бремена и оди насекаде со неа за да се осигура дека е безбедна.
„Отсекогаш беше многу заштитнички настроена кон мене, особеноо кога сопругот е отсутен“, раскажува Британи Џонсон, сопственичката на Диз.
Пред неколку месеци, семејството доби прекрасна вест. Тие ќе имаат бебе, а Диз веќе е свесна за тоа.
„Ќе ја потпреше својата глава на мојот стомак во првите месеци и ме игнорираше“, вели Британи.
Од пред неколку месеци, тоа се променило. Наеднаш Диз решила дека мора да биде до својата сопственичка цело време. Таа оттогаш одбива да го тргне погледот од неа, внимавајќи на секој чекор.
Пред некој ден, додека Британи се туширала, Диз ја чекала, но по некое време решила да влезе под тушот да провери дали е сѐ во ред бидејќи се задржала повеќе од предвиденото.
„Туширањето траеше подолго од обично, а таа ме следеше до бањата, а потоа одлучи да ја протне својата глава и да седне под тушот со мене“, вели Британи.