Категории

Црквата апелира да не се пали коледарски оган, а дрвата да им се даваат на сиромашните

Не палете оган на 5 јануари, не играјте оро, не прејадувајте и не пијте алкохол. Таквиот обичај е спротивен на црковното учење, велат свештениците. Според нив коледарскиот оган е пагански обичај кој не е во контекст на вистинското празнување.

И овој викенд граѓаните кои се навикнати на маалски дружби ќе организираат бадников оган, иако без поддршка на општините и Македонската православна црква.

Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во град Скопје.

Зошто трошиме толку дрвја на тој ден за ништо, кога можеме тие дрвја да ги дадеме на сиромашните да се згрејат во своите домови. Така правиме поголемо дело отколку што ќе играме ќе пиеме и јадеме вонконтекст на празнувањето на христијанските празници – апелира отец Бобан ние нема да ги слушнеме – вели Отецот Бобан од скопската епархија.

Прегледи:
634
Објавено на:
05.01.2020