Категории

ПОВЕЌЕ ОД 1000 ИСПИТАНИ ПАРОВИ ОТКРИЈА: Кој е најважниот фактор во врската?

Можете ли да погодите што е тоа?

Џон Ким, експерт во својата облас откако испитал повеќе од 1000 двојки, дошол до заклучок дека најважниот фактор во секоја врска е почитта.

Тој вели дека без почит, врската никогаш не би преживеала. Ако некогаш сте биле во врска во која недостасувало почит, тогаш знаете зошто е толку важно.

Едноставно кажано: Не можете да имате здрав однос без почит затоа што почитта создава доверба, а довербата е основа на секоја подобра врска.

– Почитувањето значи дека никој нема моќ или овластување над другите, дека треба да му дадете простор на некој да има сопствен избор. Почитувањето значи да ја пуштите сакана личност. Да ја прифатите. Да не ја осудувате. Да не ја контролирате. Да дозволите да биде своја.

Значи, најпрво треба да се запрашате: Дали има почит во вашата врска?

И ако нема, најважното прашање што треба да си го поставите е: Дали сите ваши врски биле без почит? Дали ова е вообичаено во вашиот живот? Ако вашиот вашиот одговор е „да“, тогаш треба да се запрашате – Зошто? Зошто да останете во врска во која што нема почит? Треба да го пронајдете одговорот во себе. Не обвинувајте го вашиот партнер. Можеби најпрво сте биле почитувани, па потоа полека тоа се намалило.

Сепак, доаѓа следното прашање: Како можете да го спречите тоа да се случува во иднина? Првиот и најважниот чекор е: Никогаш немојте да се компромитирате. Ако вашиот партнер не ве почитува и не ги исполнува вашите потреби – време е да се разделите.

 

Доколку ги намалите вашите стандарди и прифатите секаков вид на несоодветно однесување во љубовта, шансите ви се дека ќе станете помалку вредни во очите на вашиот партнер.

 

Почитувајте се доволно за да заминете од некој што не ве почитува.

Прегледи:
418
Објавено на:
08.01.2020