Категории

Неизмерна љубов: Бебето коала не ја пушта од прегратка својата мајка која се бори за живот

Дека љубовта и врската помеѓу мајката и бебето е нераскинлива е доказ фотографијата од оваа мала коала и нејзината мајка. 

Пред две недели двете коали, Лизи и нејзиното бебе Фантом ги удрил автомобил. За среќа, Фантом поминал без никакви последици, доека на нејзината мајка и страдале белите дробови.

Лизи е оперирана два пати. Операциите поминале во најдобар ред, но нејзиното бебе веднаш по операциите ја прегрнало својата мајка и не се одвојувало од неа додека не прогледала.

Австралиската Зоолошка со задоволство се присетува на овие мали пациенти кои со својата љубов го стопиле срцето на многумина. Оваа случка останала запаметена благодарение на објавените фотографии, а преку повторното објавување, ветеринарите сакале да ги посочат опасностите со кои овие прекрасни животни се изложени во природата.

Прегледи:
536
Објавено на:
09.01.2020