Категории

Ги запознаваме ретките болести: 29 дена во февруари со 29 ретки дијагнози

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе се обидеме поблиску да ве запознаеме со ретките болести во Македонија. Неофицијално во нашата земја има оклолу 2.000 пациенти со ретки болести со приближно 100 различни дијагнози.

Во недостаток на информации и третман за ретките болести преку изработка на текстови, видео и аудио записи се планира да се запознаат граганите н на цела Македонија со ретките дијагнози од кои заболуваат најчесто децата во нашата земја. Проектот треба да е од едукативен карактер за да може подобро да бидат разбрани дијагнозите како и:

– дали постои некаков третман

– кога болеста се дијагностицира

– начинот на дијагностицирање

– потребата од пренатална дијагностика

– потребата од генетско испитување на целото семејство

– број на заболени пациенти од истата дијагноза во Македонија

– број на заболени пациенти од истата дијаноза во светот

– МКБ идентификационен код на болеста

– клиники на кои се третираат болните

– дали во Македонија е достапен некаков третман

– дали во Македонија има здруженија кои помагаат на пациентите

– корисни линкови

– информации за електронскиот регистар на ретки болести

– информации од социјалната заштита и сл.

Со овој проект ќе ја подигнеме јавната свест со цел да ги доближиме проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести, до јавноста и институциите.

Иако се направени повеќе чекори од институциите за подобрување на квалитетот на здравствените услуги за овие пациенти, сепак има уште многу да се направи, а токму ваквите активности придонесуваат кон поттикнување на решенија за подобрување на квалитетот на животот на пациентите со ретки болести и нивните семејства. Кога некој се соочува со болест, целото семејство го носи товарот на таа болест.

Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…

Супер радио, Лолеска Гордана и „Живот со предизвици“ во февруари 2019 изработија проект “Ги запознаваме ретките болести “

За таа цел беа изработени 28 текстови за веб портали, 28 аудио клипови и 28 видео клипови со различни ретки дијагнози кои беа  емитувани на територијата на цела Македонија.

Проектот „ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ“ започна со реализација во текот на цел февруари на територијата на цела Северна Македонија. Позитивниот ефект од самата кампања јавно беше искажан во медиумите од врвни професори кои ја знаат проблематиката но и од самите пациенти со ретки болести и од самите грагани.

Со таа цел сакаме  Проектот „ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ 2020“  ќе продолжи и во текот на месец феруари 2020 година со одредени дополнувања на истиот како што се:

– аудио превод на албански јазик

– видео превод на албански јазик

– текстуален превод на албански јазик

– Обработка на истите материјали на знаковен јазик

(целта е да можат и луѓето кои се соочуваат со проблеми со слухот и говорот да ја разберат проблематиката на пациентите со ретки болести)

На овој начин ке се продолжи континуитетот со запознавањето на општата популација со ретките дијагнози  кој би довел до саканите ефекти на истиот. Во нашето соседство Албанија и Косово има пациенти со ретки болести кои се постојан контакт со пациентите, пациентските здруженија и професорите од нашата држава кои се занимаваат со проблематиката на ретките болести.

Токму на оваа група на пациенти од соседството би сакале да им помогнеме со информации за реките болести со тоа што проектот „Ги запознаваме ретките болести“ на албански јазик и веќе се направени преговори во овие земји да се емитува на нивните на нивните медиуми .

Исто така  Проектот „ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ 2019“ ќе биде преработен за емитување на албански и знаковен јазик.

Бидејќи проектот е во крајна фаза на изработка би сакале да не иформирате дали во вашите медиуми би сакале да се емитува овој проект за да можеме навреме да ве исконтактираме околу вашето лого кое би стоело на самиот проект и ФБ страната „ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ“.

Прегледи:
445
Објавено на:
09.01.2020