Категории

Рецепт за љубителите на тофу: Чоколаден мус со нане

Можете брзо и лесно да направите здрав и вкусен чоколаден мус со освежувачки листови од нане …

Состојки за 4 чаши:

  • 350гр. тофу
  • 100 гр. чоколадо (со минимум 70% какао во прав)
  • 10 урми
  • 2-3 лажици исецкани свежи листови нане

 

Подготовка:

Прво растопете го чоколадото. Во блендер ставете тофу исецкано на помали парчиња, урми и нане и блендирајте додека смесата не се изедначи убаво. Потоа, истурете го стопеното чоколадо во блендерот.

 

Истурете го чоколадниот крем во чаши и украсете со листовите од нане, или рендано чоколадо. Може да се сервира топло, а може и да се остави во ладилник убаво да излади.

Прегледи:
488
Објавено на:
10.01.2020