„Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е македонскиот кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм и најдобар документарец.
Во конкуренцијата за најдобар странски филм се наоѓаат филмовите:
- Јужна Кореја „Parasite„
- Шпанија „Pain and Glory“
- Франција „Les Misѐrables“
- Македонија „Honeyland“
- Полска „Corpus Christi“
Во конкуренцијата за најдобар документарец, официјално се најдоа документарците:
- „American Factory“
- „The Edge of Democracy“
- „Honeyland“
- „For Sama“
- „The Cave“
View this post on Instagram
„Ова е прв пат во историјата на Оскарите документарен филм да е номиниран во две категории, што значи дека ова не е само успех со историски размери, туку истово потврдува дека документариот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување, каде стои рамо до рамо со фикционалната нарација, а заради својата реалност заслужува посебна опсервација. Провоцира искрено сочувство, кое не се заборава после гледањето на филмот.
Големо е достигнувањето на филмот. Големи се фестивалите, кои го слават и величаат. Но уште поголема треба да биде промената на која се надеваме. Таа промена тргнува од секој од нас поединечно“, велат во соопштенитето на официјалната фејсбук страница на Медена Земја.