Категории

Детокс масажа со пилинг: По празничните денови ослободете се од токсините и негувајте ја вашата кожа!

Кожата претставува огледало на нашето здравје, во кое е рефлектиран целиот внатрешен свет на личноста. Секојдневните влијанија, како што се стресот, траумите, заморот, негативно влијаат врз организмот, а тоа се покажува и преку напнатоста и болката на одредени делови на телото.

Храната исто така има огромно влијание врз кожата и акумулирањето на токсини во организмот, а во овој период од годината тоа е особено изразено поради новогодишните празници. За обнова и освежување, како и ослободување од акумулираната негативна енергија неопходна е потребата од масажа. Без оглед на збиениот распоред и недостатокот на слободно време, грижата за себе и своето тело не смее да биде занемарена.

Детокс масажата со пилинг во студиото за убавина La Sensa е сконцентрирана на ослободување од стресот и заморот, детоксикација на организмот и негување на кожата подобрувајќи ја благосостојбата преку елиминирање на негативните емоции и отворање на умот кон слободниот проток на позитивни чувства. Освен тоа, пилингот ја одржува кожата мазна, негувана и освежена.

Поради сите овие придобивки, јасно е дека оваа масажа е многу повеќе од обична релакс масажа, а отсега и вие може да уживате во нејзините благодети посетувајќи го Студиото за убавина La Sensa. Детокс масажата со пилинг, ќе ви помогне при ревитализација на целото тело, вашата кожа ќе ја направи мазна и нежна, а воедно и ќе го поттикне телото да создава колаген кој и дава на кожата сила и издржливост и допринесува за нејзиниот младешки и здрав изглед.

Покрај детокс масажата со пилинг, студиото за убавина La Sensa помеѓу своите меѓубројни услуги вклучува и други видови на масажи. Почнувајќи од релакс масажата, масажата на грб и раце, медицинска масажа, медицинска масажа на грб, раце и врат, рефлексна масажа на стапала, антицелулитна масажа со термозагревачка крема, антицелулитна масажа со масло, па сѐ до антицелулитна комбинирана масажа: апарат + рачна масажа.

Здравјето и убавината се драгоцени, затоа грижата за нив препуштете им ја на најдобрите.

Прегледи:
600
Објавено на:
15.01.2020