Категории

Културните луѓе не позираат, тие се однесуваат исто и дома и на улица: Генијални совети на Чехов!

„Животот има свои услови. За да биде човекот прифатен меѓу образованите луѓе, мора да биде културен“, му порачува во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов на својот помлад брат, составајќи список со услови кои ги исполнуваат културните луѓе:

Тие ја почитуваат секоја единка, затоа се секогаш љубезни, внимателни, учтиви и подготвени да им помагаат на другите.

Сочувствуваат со сите, не само со просјаците и мачките.

Се грижат и за она што не се гледа и подготвени се да се жртвуваат за да им помогнат на другите.

Ја почитуваат туѓата сопственост и затоа ги враќаат долговите.

Искрени се и презираат лага. Не лажат дури ни кога се ситници во прашање. Лагата го навредува слушателот и го понижува во очите на говорникот.

Не позираат, се однесуваат исто и на улица и во својот дом, не се прават важни пред своите скромни пријатели.

Не се склони кон дрдорење ниту ги оптеретуваат другите без причина со исповеди. Од почит кон туѓите уши повеќе молчат околку што зборуваат.

Не се понижуваат себеси за да предизвикаат сожалување. Не играат на картата на туѓата чувствителност за да го освојат туѓото внимание. Не велат „Мене никој не ме разбира“ или „Никој не се грижи за мене“, затоа што знаат дека тоа се евтини и вулгарни трикови.

Не се замараат со лажните вредности, познанства со познати личности или да се трудат да бидат познати. Ако направиле нешто значајно, не прават од тоа дека е најважно нешто на светот и не се фалат дека имаат пристап таму каде што другите немаат.

Ако имаат некој дар, го почитуваат. Поради него го жртвуваат одморот, романсата, суетата. Горди се на својот дар, но и посветени му се многу.

Имаат развиено чувство за убаво, естетско. Не одат на спиење во облека, одржуваат хигиена во животниот простор. Многу водат сметка да ги контролираат своите нагони и да не гледаат сексуален објект во спротивниот пол.

Тежнеат кон оригиналноста, отменоста, човечноста, им се восхитуваат на мајчините емоции.

Не се опиваат бидејќи сметаат дека не се свињи. Се држат до начелото – во здраво тело здрав дух.

Така изгледаат културните луѓе. За да биде човек културен не е доволнон да чита романи и да оди во театар. Тој мора постојано да работи на себе, да чита, да учи, да се труди… и веднаш да ја отфрли суетата, бидејќи секој изгубен час се смета, завршува Чехов во своето писмо.

Прегледи:
1204
Објавено на:
17.01.2020