Промена која ќе ги разлути бројните корисници
Популарната социјална мрежа Инстаграм за борбата против лажните вести и дезинформации забранува прикажување на фотографии обработени во програмата Фотошоп.
Наскоро, во зависност од тоа што следите на Инстаграм мрежата, веројатно често ќе гледате известување False Information, кое означува лажна објава или дефинформација.
Тоа е поради новиот алогаритам наметнат во борбата против лажните слики, особено во доменот на секојдневните вести и известувања за медиумските сајтови.
Сепак, овој алогаритам ќе опфаќа и фотографии кои се видно или помалку видно обработени во Фотошоп програма. Алогаритамот кој Инстаграм го воведува има можност да препознае фотографија обработена во познатата програма, па во согласност со тоа, ако таа е навистина обработена ќе ја означи како лажна и ќе ја сокрие а исто така и ќе ја сокрие содржината која не е адекватна за сите корисници – старосно и поради други работи.