„Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е македонскиот кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм и најдобар документарец.
„Ова е прв пат во историјата на Оскарите документарен филм да е номиниран во две категории, што значи дека ова не е само успех со историски размери, туку истово потврдува дека документариот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување, каде стои рамо до рамо со фикционалната нарација, а заради својата реалност заслужува посебна опсервација. Провоцира искрено сочувство, кое не се заборава после гледањето на филмот.
Големо е достигнувањето на филмот. Големи се фестивалите, кои го слават и величаат. Но уште поголема треба да биде промената на која се надеваме. Таа промена тргнува од секој од нас поединечно“, изјавија во соопштенитето на официјалната фејсбук страница на Медена Земја.
Во продолжение погледнете го прекрасното интервју со Атиџе каде што таа раскажува за Медена земја, нејзиниот живот, нејзината мајка и слушнете ја песната со која сака да настапи на Оскарите.
Видеото е преземено од: a1.on