Бил еднаш еден селанец кој продавал путер во пекара. Еден ден, пекарот се посомневал во селанецот и одлучил да го измери путерот за да види дали селанецот му дал точно еден килограм. Имал и што да види – имало помалку путер отколку што му било кажано дека има. Толку се разбеснал што решил да го тужи селанецот.
Судијата го запрашал селанецот дали користи вага за мерење. Селанецот одговорил:
„Почитуван судија, јас сум прост човек. Не користам модерни ваги, но имам едноставен кантар.
Судијата потоа му рекол да објасни како го мери путерот. Селанецот одговорил:
„Почитуван судија, многу време пред пекарот да започне да купува путер од мене, јас секој ден купував кило леб од него. Секој ден кога пекарот ќе донесе леб, јас го ставам на едниот крај од кантарот и ставам точно толку путер од другата страна. Ако е некој крив, тогаш тоа е пекарот.“
Наравоучение: Во животот секогаш сѐ ни се враќа со иста мера. На некои луѓе нечесноста им прераснала во навика, така што и веќе не знаат што е вистина. Но, кого го залажуваат тие луѓе? Само самите себеси!