Категории

Мафини со вишни (РЕЦЕПТ)

Ако обожавате мафини, предлагаме да ја пробате оваа освежителната верзија со вишни.

Овие мафини се подготвуваат брзо и веруваме дека ќе ве освојат со својот вкус.

 

Состојки:

  • 1 и 1/2 чаша пченично брашно
  • 1/2 чаша кафеав шеќер
  • 1 лажица ванилин шеќер
  • 1/2 лажица сода бикарбона
  • 1 лажица прашок за пециво
  • 1 јајце
  • 1/2 чаша масло
  • 1/2 чаша топла вода
  • малку сол
  • 1 чаша свежи или замрзнати вишни
  • шеќер во прав за попрскување

 

Подготовка:

Измешајте го брашното, прашокот за пециво и содата бикарбона. Потоа додадете го кафеавиот шеќер, ванилиниот шеќер, солта, јајцето, маслото и топлата вода и се измешајте заедно за да се соединат убаво состојките. На крајот додадете ги вишните. Истурете ја смесата во калап за мафини и наполнете ги до ¾ висина. Печете околу 30 минути.

По печењето, оставете ги мафините да изладат и посипете ги со шеќер во прав пред да ги сервирате и на крај украсете со листови нане.

Прегледи:
729
Објавено на:
24.01.2020