Категории

Мачката го штити вашиот дом од негативна енергија

Спротивно од она што некои луѓе го мислат, мачката е животно со позитивна аура

Мачката го присвојува не само својот сопственик, туку целото семејство со кое живее, домот и околината. Немојте да ви смета ако таа се гали на вас. Во текот на тој чин таа со вас ги дели своите астрални сили, магијата која ја поседува тој чин. Ако ја оттргнете, се лишувате од позитивната енергија која ова магично животно сака да ви ја даде.
Тие можат да ви ги дадат повторно и повторно тие астрални сили, но исто така можат дури и да го одземат она кое ви го дале во минатото.

Мачките се заштитници на домот во кој живеете, го штитат домот од лошите духови. Подрачјето кое мачката го смета за свое,  е благословено со позитивна аура. Нејзината присутност помага дури и кога некој ќе се всели во стара куќа во која претходно живеел некој друг.

Мачката и злобните дугови
Кога мачката ќе пронајде злобни духови во домот, таа се обидува да ги утврди нивните намери, а потоа да ги отстрани во потполност од домот. Астралната способност на мачката е толку силна што може да ги преплаши духовите и да ја ослободи куќата.

Мачката и домаќинството
Луѓето кои се љубоморни на вас можат да и фрлат „злобно око“ што доведува до губење на здравјето, богатството и просперитето.
Ако се сомневате дека ви се заканува опасност од нешто, стравувате од уроци или сретнувате некој кој има намера да ви наштети, допирајте ја својата мачка со двете раце и галете ја нејзината лева шепа се до опашката.

Мачките се канали низ кои се пренесува космичката енергија и тие можат да ви донесат голема количина позитивна енергија во домот.

Исцелување со мачка
Мачките имаат голема магична моќ која може да исцели личност. Тоа важи за сите видови на мачки. Таа ќе лежи на оболените места на својот сопственик и со тоа може да го исцели од болеста. Исто така таа активност го ублажува емоционалниот и менталниот стрес.

Прегледи:
1585
Објавено на:
03.02.2020