Категории

„Драга ќерко, никогаш немој да го трпиш ова..“

„Ти си најважната личност во твојот живот!“

„Да душо, знам дека мислиш дека сум стара. И јас сум грешела во текот на годините. Дали некогаш ми прости за онаа ужасна роденденска торта која се обидов да ја направам за твојот осми роденден? Или поради тоа што ти подарив маче заборавајќи дека си алергична на животински влакна?
Навистина ми е жал поради тоа, сакам да ти кажам некои нешта кои би ти биле од сигурна помош. Би сакала да постоеше некој кој ќе ми ги кажете истите овие нешта пред доста време.

Се надевам дека после ова нема да ме гледаш повеќе како проседена жена во своите шеесет години,  туку како она што навистина сум: мајка која сака нејзината ќерка да не поминува низ одредени тешки мигови низ кои јас самата морав да поминувам. Еве кои нешта би сакала да ги знаев кога бев колку тебе.

Ти си најважната личност во твојот живот
Да, тоа е факт. Љубовта кон себеси те прави добра личност, те прави среќна и ти помага да ги следиш своите соништа а истовремено ти дава сила и да ги опсипуваш со љубов оние кои те опкружуваат. Додека лошата врста е онаа љубов кон себеси во вид на нарцисоидност, таквите луѓе немаат намера да им пружат љубов на другите.
Долго време сметав дека моето помагање на другите ќе биде мојата карта до рајот. Се обидував да бидам што подобра пријателка. Се обидував да го запаметам секој роденден на оние кои ми се важни, бев рамо за плачење. Верував дека ако го правам сето тоа, луѓето ќе ми пружат рака кога ќе ми биде најпотребна и тоа ќе биде мојата награда за тоа што бев „добра“ личност.

Не бев во право.
Ова не значи дека не треба да му помагаш на другите или дека другите луѓе нема да бидат покрај тебе кога ќе ти биде најпотребно туку дека треба да се фокусираш на она што вистински го сакаш. Не можеш да ги сакаш другите ако не се сакаш себеси прво. Ми требаше долго време да го сфатам тоа.

Без оглед на тоа дали се работи за маж, пријателка или некој сосема трет, немој да дозволуваш да бидеш омаловажувана. Секогаш застанувај за себеси. Доколку не го правиш тоа, постои голема шанса да бидеш повредена и да ти биде жал што не си постапила поинаку.

Треба да бидеш силна и храбра. Не дозволувај било кој да ти го наметнува своето мислење и да манипулира со тебе. Знам, доволно си зрела да не го дозволиш тоа, но имај го на ум тоа дека на овој свет не постојат само добри луѓе. Постојат и оние помалку добри кои на некој начин ќе посакуваат да те повредат емоционално, било тоа да е свесно или несвесно. Предавството е лошо, но имај го ова на ум дека секогаш треба да пронајдеш сила и храброст во своето срце и да простиш. Немој да забораваш, затоа што на тој начин повторно ќе ја направиш истата грешка во иднина. Верувај ми.

Твоето семејство те сака повеќе од се!
Мислам дека тоа во твоите години е сосема лесно да се заборави. На крајот на краиштата, поминувањето време со семејството понекогаш може да ти се чини досадно, но љубовта на твоето семејство е она нешто на кое секогаш можеш да рачунаш. Мислам дека го знаеш тоа. Не постои нешто на овој свет поради кое твоето семејство би те напуштило. Знам дека за некои нешта можеби ќе ти биде тешко да зборуваш, но сакам да знаеш дека мене можеш да ми се обратиш и во глуво доба во ноќта. Ако не можам да ти помогнам, барем ќе те сослушам. И ќе ти биде полесно.
Те сака твојата мајка.“

Прегледи:
567
Објавено на:
03.02.2020