Категории

Осветли го Скопје: На 9. февруари ќе се одржи зимско ноќно искачување на Водно

На 9 февруари 2020 година, недела во 17.30 часот на полна месечина, ќе се одржи “Зимско Ноќно искачување до Милениумскиот крст на Водно” .


Патеката по која ќе треба да ја искачите е долга прилично 5 км и се пешачи околу 2:00 часа. Стартно и собирно место – пред “Оу. Кочо Рацин”. во 17:30 часот. (на истото место ќе се вратите најдоцна до 23 часот)
Доколку има заинтересирани кои сакаат да тргнат од средно Водно, нека бидат пред фонтаната во 18:15 часот.

Има една официјална пауза:
– На Средно Водно (10 минути)

Задолжителна опрема:
– Соодветни зимски чевли за пешачење
– фенерче*
– Топла облека
– Ракавици, шал и Капа.
– резервна маица
– 0,5 литри вода
– овошје, и храна по избор
– Ранец
– Фотоапарат
– Пари за чај

НАПОМЕНА: Доколку се пријави некој со послаби кондициони способности, му препорачуваме да се искачи само до Средно Водно.

Секој е на своја одговорност.

Организирано од:
www.mojtrener.mk

Прегледи:
534
Објавено на:
05.02.2020