Еве во кои 5 ситуации не треба да ја нудите вашата помош!
Да се биде алтруист е нешто навистина прекрасно и хумано, но постојат ситуации во кои не треба да се помага, односно да се меша во одлуките и постапките на другите.
Секое добро дело создава циклус на добра енергија и ја храни вашата душа. Љубезноста и пружањето помош е она што на многу луѓе им недостасува во ова зафатено модерно општество, но во секој случај важно е да се воспостават здрави граници.
Еве во кои 5 ситуации не треба да ја нудите вашата помош:
- Кога очекувате нешто за возврат
За да има вистински ефект врз вас и врз луѓето на кои им помагате, помошта треба да биде несебична. Желбата да помогнете не треба да се заснова на желбата да се добие нешто за возврат.
Помошта треба да се заснова на несебичен чин за подобрување на животот на другите луѓе. Кога некој поради помошта го сметате за должник, таквата помош и добрите дела во кармичкиот систем на вредности не се вреднуваат.
- Кога на некој навистина вашата помош не му е потребна
Иако не сакате да гледате како некој се бори со своите проблеми, важно е да пружите помош на луѓе кои сакаат да ја прифатат. Инсистирањето на помош може да предизвика негативни чувства кај вас и кај другата страна. Дозволете секој да си го гради животот како што сака.
- Кога желбата да помогнете негативно влијае на вашиот живот
Кога помагањето на другите луѓе ќе почне да има големо негативно влијание врз вашиот живот, тоа е знак дека треба да престанете. На пример, замислете дека еден ваш пријател често бара совет и кога немате време тој почнува да се лути и не ги разбира вашите потреби. Важно е да им помогнете на саканите луѓе, но запомнете дека и вие имате свои тешкотии, одговорности, проблеми и потреби.
- Кога некој не ја заслужува вашата помош
Постојат личности кои не знаат за граници и сакаат вие да направите многу работи наместо нив. Не е потребно за возврат да добиете ништо, но благодарноста е неопходна. Не дозволувајте да ве искористуваат.
- Кога немате вештини да помогнете
Ако некоја личност има сериозни проблеми, нема ништо лошо во тоа да и понудите помош. Сепак, не треба да се преземат улоги за кои не сте надлежни. Ако разберете дека на некого му е потребна стручна помош, најкорисно е да го упатите кај стручно лице за тоа.