Категории

Тој не е заљубен во тебе – Само ти се задоволуваш со помалку од тоа што го заслужуваш

Обидете се да обрнете внимание на овие знаци кои можат да ви кажат дали вашиот партнер ве сака или само ве користи за забава. Ако ги прави овие нешта, значи дека е време да продолжите понатаму. Заслужувате повеќе!

Не го интересирате баш – Под тоа би можело да се подразбира дека не се труди да ве запознае повеќе, и да ги открие вашите желби, соништа и цели.

Не сака да прави компромиси – Врската делува само кога двајца луѓе се одлучуваат да прават компромиси поради убавата иднина. Ако одбива било каков компромис, тоа значи дека губите време залудно.

Секогаш пронаоѓа изговори – Се обидува да биде премногу зафатен цело време. Зафатен е само кога ви е потребен и кога сакате да планирате заедничко излегување, зафатен е и кога сакате да разговарате сериозно.

Не се труди за вашата врска – Ако сметате дека вие сте единствени во врската кои правите големи напори, компромиси и се жртвувате себеси, тогаш би требало да разберете дека овој однос за него цело време е само забава.

На прво место нему секогаш му е неговата среќа и задоволство.

Ве бара само кога му требате – Човек кој вистински ве сака и цени, ќе ви се јавува и без причина. Понекогаш само за да ви каже колку му недостигате.

Многу е затворен – Никогаш не ги споделува своите емоции нити минати искуства затоа што чувствува дека тоа го прави ранлив и не сака да знаете премногу за него.

Не ве вклучува во неговите планови за иднина. А тоа е знак дека не сака сериозна врска со вас.

Кога сакате да разговарате за тоа како сте го поминале денот или сакате нешто да му кажете, тој чувствува дека му е досадно и наоѓа изговор да ја промени темата или да пронајде нешто друго.

Прегледи:
503
Објавено на:
17.02.2020