Категории

Престанете да плукате по жените кои не се мајки – Ако не родила дете не значи дека не постигнала ништо во животот

Зошто ве интересира туѓото мајчинство?

„Иако најчесто се трудам да ја игнорирам реалноста во која луѓето кои не се на иста бранова должина како и јас, мојот свет не може секогаш да биде совршен. Секогаш тие некои иритирачки приказни допираат до мене. Најчесто се трудам да не влегувам во расправа со луѓе околу нешта за кои не мислиме исто,затоа што не гледам поента во губење на време настоувајќи некому да покажам нешто што не гледа. Но понекогаш тоа морам да го исфрлам од себе, па го запишувам.

Добар дел од својот живот го поминав трудејќи се да не ги осудувам луѓето. Да не зборувам за луѓето кои не ги познавам. Да се трудам да ги разберам. Секако, не сум нити јас божество па тоа секогаш да ми успева. Сепак, се трудам сето тоа да го поправам. Денес на кратко бев сведок на толку глупава сексистичка приказна што секој дел од мене и моите женски предци во мене, умре, затоа што одлучив да премолчам.

Се зборуваше за жените. За напумпаните силиконски жени, точно во таков контекст кои наметнуваат вредности, тие некои жени бараат богати спонзори кои ќе им купуваат „ташни од неколку илјади евра“ а во животот не постигнале ништо затоа што не се мајки.

Како почетокот на оваа приказна да не беше доволно иритантен, огорчен и глупав, заклучокот беше крајната поента. Коментарот кој следеше беше јаготката на шлагот.
Кој денес сеуште го цени мајчинството и каков е тој успех, потоа следеше саркастичен коментар кој алудираше на тоа како светот нема разбирање за мајките.

Како прво, сите дотерани жени, кои не се покорни и мирни, а успат сакаат и да пополнат по некоја брчка или да ги направат градите, не се автоматски спонзоруши кои разменуваат сексуални услуги а ташна од неколку илјади евра. Тие не се ни по автоматизам глупави.

Второ, слободните жени во дваесет и првиот век имаат право да имаат односи со кого ќе посакаат. Било да е стар, млад, дебел, слаб, богат или сиромашен, додека за тоа нема кривично да одговараат.

Трето, да престанеме да ги етикетираме жените кои не се мајки со етикетата ‘немајки’, и дека не се доволно жени затоа што немаат потпомство.
Навистина е лицемерно да се слушне дека не се цени мајчинството, додека постојат многу повеќе етикети кои им се лепат на оние кои не се мајки. Ако се успешни на работа, тоа е затоа што немаат деца па затоа можат да и се посветат на работата. Ако умеат да готват, тоа е затоа што имаат време – и немаат деца. Ако купуваат и се дотеруваат, тоа е исто така поради тоа што немаат деца а имаат пари. И повторно – тие се недоволно жени. Или се премногу жени, а премалку „мајки“.

Ја се сакам и се ценам себеси доволно па не ми треба туѓо одобрување нити потврда за мојата успешност и женственост. Многу повеќе ги сакам мажите од жените. Тие се подобри пријатели и колеги, секако со исклучок со оние малкуте жени кои ги ценат и сакам.
И сите мои пријателки кои се мајки знаат колку ги почитувам и сметам дека тоа е најтешката работа на светот, но не смеете да не минимализирате сите нас останатите затоа што не сме мајки.

Некако не е фер. Вие понекогаш се жалите и кукате дека сте ненаспани, се расправате со детски болести, температури, забари, офталмолози… Но некако немате право на сето тоа кукање, затоа што тоа е животот кој сте го избрале. Животот кој сте го донеле на свет и за кого имате обврска да одговарате. Знам дека тоа е најтешкото нешто на светот, но исто така тоа било ваш избор.

Како можеме да кажеме дека жената која не родила дете не постигнала ништо во животот? Дали ние жените на овој свет доаѓаме само со една цел, да ја продолжиме лозата? Дали исто така зборуваме и за мажите кои не оплодиле некоја јајце клетка. Сигурно не во толкава мера.

Што е со оние прекрасни жени, научници, книжевници, кои ете поради сплет на околности или сопствен избор не биле мајки. Оние од некои времиња пред филерите, силиконите и Louis Vuitton ташните.. Дали тие биле спонзоруши на кои главна цел им била да се „продадат“ за скапа ташна..

Зошто ве интересира туѓото мајчинство? Зошто?
Замислете само колку жени силно посакуваат да имаат потомство но од некои причини не можат. Немаат со кого. Не можат! Сфаќате ли дека нив им лепите етикета на болна рана?

Никој не заслужува да умира одвнатре само за да би му угодил на светот. Само ретките можат да го познаат тоа.

Секоја чест за сите среќни и остварени мајки, кои никогаш не ги плукале оние кои не се.“