Категории

Чоколаден чизкејк со лешници (без печење)

Барате добар, но едноставен рецепт за чоколаден чизкејк без печење?

Вие сте на вистинското место!

 

Состојки:

  • 250 грама бисквити
  • 1 лажица Нутела крем
  • 25 грама печени лешници
  • малку сол
  • 75 грама стопен путер

 

За фил:

  • 250 грама крем сирење
  • 250 грама Нутела крем
  • 30 грама шеќер

 

За прелив:

  • 60 грама темно чоколадо
  • 60 грама шлаг пена
  • 60 грама Нутела крем
  • Лешници, печени и ситно сецкани

 

Начин на подготовка:

За да ја направите основата, измешајте ги бисквитите со Нутела кремот и лешниците. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Потоа ставете ги овие состојки во сад и измешајте со растопениот путер. Повторно убаво промешајте се заедно. Пренесете ја смесата во тава претходно подмачкана со масло. Ставете во ладилник да се излади.

За да го направите филот, ставете го крем сирењето и шеќерот во посебен сад и мешајте додека не се изедначат. Додадете 3/4 од Нутелата, малку сол и продолжете со мешањето додека не се соединат сите состојки. Полека додајте ја преостанатата Нутела и само малку промешајте.

Извадете ја основата од ладилник и ставете ја смесата од Нутела врз неа, па вратете ја во ладилник.

За преливот, ставете го чоколадото, шлаг пената и Нутелата во помал сад и загрејте сè на тивок оган. Мешајте со силиконска лажица додека состојките не се растопат и целосно не се соединат.

Извадете го колачот од ладилник и истурете ја смесата од чоколадо. Доколку сакате, украсете со сецкани лешници.

Пред сервирањето чизкејкот треба да се лади најмалку 4 часа.

Прегледи:
898
Објавено на:
17.02.2020