Категории

Најубава молитва: Господе, прати ми некој кој има храброст да ми ја каже вистината, но да ми ја каже со љубов…

Ни сеќавањето на минатото, ни соништата за иднината. Помогни ми да бидам тука и сега и да го прифатам овој момент како најважен.

Молитвата, која ви ја пренесуваме во целост, настанала во еден од најтешките периоди во животот на Антоан де Сент Егзпери кога болеста, годините и воениот виор полека го уништувале. Ја напишал во авион. Најдобриот писател помеѓу пилотите и најдобриот пилот меѓу писателите умрел во авион, од срцев удар, летајќи во текот на задача. Претходно, го напишал за многумина омилениот „Малиот принц“.

Научи ме на уметноста на малите чекори – Антоан де Сент Егзипери

Господе, јас не молам ни за чуда ни за привиденија, туку за секојдневна сила. Научи ме да ја совладам уметноста на малите чекори.

Научиме ме на внимателност и снаодливост, за да можам да се задржувам на откритијата во секојдневниот живот и искуствата кои ме возбудуваат.

Научи ме правилно да располагам во времето во својот живот. Подари ми убав дар да го разликувам примарното од секундарното.

Јас молам за силата на воздржаноста и мерата, за да не одлетам и да не се лизнам низ животот, туку разумно да го планирам текот на денот. Да можам да ги видам врвовите и пространствата и дури некогаш да најдам и време да уживам во уметноста.

Помогни ми да сфатам дека илузиите не се од помош. Ни сеќавањето на минатото, ни соништата за иднината. Помогни ми да бидам тука и сега, и да го прифатам овој момент како најважен.

Спаси ме од наивното уверување дека сѐ во мојот живот треба да биде едноставно и лесно.

Подари ми јасно спознание дека тешкотијата, поразите, падовите и неуспесите се природни, составен дел од животот, благодарение на кои растеме и созреваме.

Потсетувај ме дека срцето честопати се буни со причина.

Прати ми во вистински момент некој кој има храброст да ми ја каже вистината, но да ми ја каже со љубов!

Знам дека многу проблеми се решаваат ако не направите ништо, затоа научи ме на трпение.

Ти знаеш колку е силна мојата потреба за пријателство. Дозволи ми да бидам достоен на тој најубав и најнежен дар на судбината.

Дај ми богата фантазија, во потребно време, потребен момент, на вистинско место, во тишина или говорејќи, некому да му ја подарам неопходната топлина.

Направи од мене човек кој знае да допре до оние кои се на дното.

Спаси ме од стравот дека ќе пропуштам нешто во животот. Не ми го давај тоа што го сакам, туку она што навистина ми е потребно.

Научи ме на уметноста на малите чекори…

Прегледи:
925
Објавено на:
19.02.2020