Категории

СЕ СРЕТНАВМЕ СЛУЧАЈНО, СЕ ЗАЉУБИВ НАМЕРНО

Љубов моја, те засакав многу. Ти направи да те сакам од тука, па се до ѕвездите и назад. Ти ми стана првото добро утро, првата добра ноќ.

Се сретнавме случајно, се заљубив намерно. Се започна со пријателски поглед, се до оној момент кога станав твоја малечка. Малечка која те сака уште од почетокот. Засекогаш ќе бидам твоја малечка која те сака многу.

Нема да дозволам да те изгубам. Ти пружив рака која цврсто ќе те држи и која ќе остане до крајот со тебе. Би поминала низ сите препреки и потешкотии во животот само за тебе.

Секое утро, секоја ноќ се будам и си легнувам со насмевка на лицето, насмевка која е само за тебе. Ти ги имаш тие очи кои ме прават среќна, тие усни кои волшебно ги искажуваат двата збора: ТЕ САКАМ и таа насмевка која за мене значи многу во животот.

За тебе сум спремна на се, за тебе сум малечка која се би дала па дури и животот. Засекогаш твоја малечка. Твоја и ничија друга малечка.

Те сакам. Со љубов. Твојата малечка,

Каролина

Прегледи:
1179
Објавено на:
28.02.2020