Единствен датум за остварување на вашите соништа – еве што треба да направите на 29 февруари 2020 година!
Престапниот ден, односно 29 февруари, се случува на секои четири години и се верува дека има посебно духовно значење.
29-ти февруари е 60-ти ден во годината и се случува само во престапната година од Грегоријанскиот календар, кој има 366 дена.
Овој датум се верува дека има посебна духовна моќ, особено за активности што долго сте ги одложувале, а навистина сакате да се манифестираат.
Овој ден се смета за подарок од Универзумот затоа што имаме плус ден за остварување на она што го сакаме и за поставување на одредени работи на свое место.
За 29 февруари се препорачуваат следниве ритуали за среќа и остварување на соништата:
- Размислете за вашиот живот и обидете се да разберете што е тоа што најмногу сакате да го постигнете во наредните денови, месеци, години. Се верува дека на овој ден Универзумот може да ги слушне вашите молитви.
- Живејте во сегашниот момент. Обидете се да не се фокусирате премногу на минатото или иднината на овој датум, освен во случај кога си замислувате желба. Зголемете ја свеста за сегашниот момент.
Од гледна точка на нумерологијата, 29 февруари 2020 година, носи вибрации на бројот 8, симболизирајќи ја фреквенцијата на Универзумот.
Ако го погледнете само на датумот, а не годината, 29 февруари ја претставува енергијата на маестралниот број 11, кој во нумерологијата има големо духовно значење.
Бројот 11 се смета за ангелски број која што ни помага да ја најдеме сопствената цел и мисија на нашата душа. Исто така, таа преставува моќна женска енергија која јасно го открива нашиот потенцијал.
Најважниот ритуал за 29 февруари е да останете со отворен ум, свесни за вашето постоење и да си замислите желба.