Категории

Психологијата конечно ја разоткрива мистеријата: Како да ја пронајдете сродната душа

АКО ВЕ ПРИФАЌА ТАКВИ КАКВИ ШТО СТЕ СЕГА, А НЕ КАКВИ ШТО ЌЕ БИДЕТЕ УТРЕ, ТОГАШ СТЕ ЈА ПРОНАШЛЕ ВАШАТА „СРОДНА ДУША“.

Како социјални суштества имаме потреба да најдеме една, совршена личност со која можеме да го поминеме животот. Кога ќе сретнеме таква личност, имаме неконтролирана привлечност и нелогично чувство дека ја познаваме таа личност цел живот – дека таа е нашата „сродна душа“. Но, за што навистина станува збор? Што навистина знаеме за совршениот партнер за нас? Психологијата конечно ја разоткрива мистеријата и ни овозможува да разбереме што е тоа што ги прави двајца луѓе да бидат компатибилни за заедничка врска.

 

Компатибилност

Сосема е природно дека сакаме да бидеме со личност со која делиме исти погледи, да имаме исти животни цели, да сакаме слични активности, но д-р Тед Хадсон од Универзитетот во Тексас открива дека не постојат разлики во компатибилноста на целите помеѓу паровите кои се среќни и оние кои не се. Она што д-р Хадсон се обидува да го објасни е дека компатибилноста не е толку важна за паровите кои чувствуваат задоволство и топлина во нивните врски, туку дека тие самите ја прават врската да функционира, а не компатибилноста на нивните личности. Кога ги прашал несреќните парови што мислат за компатибилност, тие одговориле дека таа е многу важна за бракот. За жал, тие не се сметале себеси за компатибилни со своите партнери.

Тука започнува проблемот со компатибилноста – секој што е несреќен се обвинува за недостаток на компатибилност со партнерот. Тие не сфаќаат дека успешната врска не зависи од тоа кои се, туку од нивната чиста волја и желба да останат во врската.

 

Партнер до крајот на животот

Изградбата на односи зависи од двете личности и нема никаква врска со компатибилноста. Но, ако не можеме да сметаме на тест за компатибилност кој ќе ни помогне да најдеме совршен партнер, тогаш како да пронајдеме совршен партнер?

Д-р Џон Готман, основач на Институтот Сиетл Готман, истакнува дека проценките на личноста на партнерите не можат навистина да ја предвидат должината и успехот на врската. Тој открил дека паровите кои ја вложуваат својата енергија во градење нешто што има смисла, што е важно за нив, имаат тенденција да останат заедно подолго. Значи, клучно е како парот работи на нивната врска. Што значи дека за пронаоѓањето на совршен партнер не е важно каква личност е или со што се занимава, туку како партнерите зборуваат, како се сложуваат и како заедно одат низ животот.

Д-р Готман оди чекор подалеку и вели дека вашиот идеален партнер (вашата сродна душа) треба да ги поддржува вашите животни соништа. Тој треба да ви се восхитува и да ве почитува. Ова можеби звучи идеалистички, но ако искрено се погледнеме и како би сакале да бидеме третирани од некој кој навистина верува во нас и во нашиот потенцијал – ова е клучно за некој да го гледате како сродна душа.

Значи, следниот пат кога ќе забележите дека некој ви го привлекол вниманието размислете дали таа личност го гледа она што сте го замислиле за вашиот живот.

 

АКО ВЕ ПРИФАЌА ТАКВИ КАКВИ ШТО СТЕ СЕГА, А НЕ КАКВИ ШТО ЌЕ БИДЕТЕ УТРЕ, ТОГАШ СТЕ ЈА ПРОНАШЛЕ ВАШАТА „СРОДНА ДУША“.

Прегледи:
763
Објавено на:
03.03.2020