Категории

Креативна Македонија започнува со нов циклус работилници: „Создади наследство, научи занает вол. 3“

Оваа пролет изненадете се себеси и научете некоја нова вештина, нов занает. Тоа е најубавиот подарок што можете да си го дадете.

Ние ви предлагаме активности , со кои ќе ги разбудите сите сетила, креативно ќе се инспирирате и со радост ќе се нурнето во предизвикот наречен рачна работа.

„Создади наследство, научи занает вол 3“

На 22 март започнуваме со бајковитиот Сутаж, техника која во минатото била резервирани за елитата – кралските семејства и аристократијата, високите воени офицери или религиски личности, а денес особено популарна во модата или филмската индустрија.

Во бајката Сутаж ќе ве воведе нашиот мајстор Билјана Тодоровска Biljana’s handmade jewerly, а како светот го доживеа накиот од Сутаж во 2019 може да прочитате на следниот линк :
https://www.modastrass.com/…/…/2019-trends-soutache-jewelry/

На 28 март ве покануваме на работилницата Инстаграм во служба на малите бизниси.
Работилницата е наменета за сите кои се обидуваат во светот на продажбата, без разлика дали продаваат свои креативни дела, услуги или тргуваат.

Затоа ве прашуваме дали ја знаете моќта на Инстаграм? Дали знаете како максимално да ги искористите можностите што ги нуди оваа волшебна апликација? И не, не зборуваме само за слики и лајкови.
Работилницата ќе ја води Инста гуруто Весна Ристова, која во своето портфолио го има и нашиот Еснаф.

На 4 април, на работилницата за Везење монистра, ќе се обидеме да ја преточиме традицијата во модерното. Везењето монистра е нераскинлив дел од македонската традиција за што говорат македонските женски носии, невестински облеки и накит.

Ако гените паметат, тогаш сме родени да создаваме модерен накит со 7/8 дух.
Духовен гуру е нашата Надица Перчаклиева Nena Design, која ќе ве воведе во ковчежето на знаења.

Во рамките на циклусот „Создади наследство, научи занает вол 3“ ви ги најавуваме и работилниците Квилинг, Везење, Плетење, Сликање и епоксидна смола… кои ќе бидат објавени по утврдување на датумите.
Пријавување на [email protected] и 070 801 661.

Прегледи:
759
Објавено на:
04.03.2020