Категории

Совршени честитки по повод 8-ми март, меѓународниот ден на жената

Денес е 8-ми март, меѓународниот ден на жените кој се празнува секоја година. Овој празник настанал како резултат на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на мажите и жените. Сакајте ги, почитувајте ги и честитајте им го денешниот ден на вашите најмили со некои од овие пораки со кои ќе им го покажете вашето внимание, а истовремено ќе им го направите денот уште поубав и повесел.

1. Биди горда што си жена. Мудра, достоинствена, храбра и силна, а истовремено и нежна и внимателна. Биди таква уште долги години. Среќен 8-ми март!

2. Нека среќата стане твоја реалност, здравјето трајност, љубовта постојано да го грее твоето срце и нека ти се оствари сѐ што посакуваш. Среќен празник!

3. Уживај во среќата, а љубовта нека биде твој најверен придружник. Искусувај само пријатни моменти во животот, не само овој, туку секој нареден ден во годината. Среќен 8-ми март!

4. Што и да се случува, една жена никогаш нема да биде заборавена и вечно ќе живее во моите срце и душа. Среќен празник, мамо!

5. Нека овој ден ти биде посебен, сонцето постојано да те грее, не затоа што си жена, туку затоа што си единствена и поразлична од другите! Среќен 8-ми март!

6. Нека секој следен ден ти биде подобар, сите желби остварени, и не заборавај на сонцето дури и тогаш кога истура дожд. Среќен празник!

7. Те сакам затоа што си најдобра, полна со разбирање и издржливост. Горда сум што си ми мајка. Среќен 8-ми март, мамо!

8. Ти испраќам ѕвезда со најубав сјај, многу среќа и бакнежи исполнети со љубов. Најубави желби за овој ден, среќен празник!

9. Секоја добрина која ја даруваш нека ти се врати во поголема мера, нека љубовта биде твоја водилка низ животот и уживај не само денес, туку и секој нареден ден. Среќен 8-ми март!

10. Сѐ додека Земјата се врти, јас ќе те сакам. Сѐ додека сјаат ѕвездите, јас ќе внимавам на тебе, а секое наредно утро ќе ти покажувам колку повеќе ми значиш! Среќен празник!

11. Среќен празник на најубавата, најуспешната и најинтелигентната жена. Секогаш стреми се кон иднината и нека те пратат само убави моменти!

12. Уживај во сознанието дека ги имаш најблиските до себе и чувството дека некому си му целиот свет. Секогаш имај на ум дека некој те сака и внимава на тебе. Среќен 8-ми март!

13. Исполни ги годините со живот, а не животот со години. Запамети дека ти си достојна за внимание секој ден, а не само еден ден во годината. Уживај во својот живот, среќен празник!

Прегледи:
2234
Објавено на:
08.03.2020