Категории

Не задржувајте ги солзите: Тие се добри за вашето физичко и ментално здравје

Дали често плачете и чувствувате олеснување откако ќе се исплачете? Не ги задржувајте ги солзите, оставете ги да течат, тие можат да решат голем број здравствени проблеми.

Кога ќе почувствувате дека ќе се расплачете каде и да сте, не се стегајте. Плачете, дури и ако сте во автобус, на работа, на училиште или на улица.

 

Солзите го намалуваат стресот

Една студија од 2014 година откри дека кога ќе се исплачете го намалувате нивото на стрес во вашето тело. Резултатот од плачењето не е веднаш видлив, така што може да го забележите само по некое време кога телото ќе започне да се опушта и ќе се смири. Според истражувањето, плачењето го активира парасимпатичкиот нервен систем кој при активирање има смирувачки ефект врз мозокот.

 

Солзите го намалуваат крвниот притисок

Високиот притисок е сериозна работа и може да предизвика здравствени проблеми, како што се мозочен удар, деменција, инфаркт, па дури и откажување на бубрезите. Добрата вест е дека според неколку студии, плачењето го намалува крвниот притисок, го одржува нормален и го смирува пулсот.

 

Тие ве ослободуваат од акумулираните токсини

Солзите што течат од очите додека плачете може да исчистат одредени нечистотии од нив, како чад и прашина. Кога солзите течат, солзниците ги чистат токсините кои се акумулираат во организмот заради стресот. Отстранувањето на токсините помага во намалување на нивото на кортизол во организмот, што ќе направи да се чувствувате значително подобро. Затоа, релаксацијата и смиреноста се она што следува по реката солзи.

 

Солзите прават да се чувствувате смирено

Ако се прашувате зошто сте агресивни и постојано вознемирени, треба да знаете дека нема дефинитивен одговор за тоа. Промените во расположението може да се појават од многу различни причини. Едно е создавање манган во организмот. Кога плачете, вишокот манган низ солзите излегува од телото. Тоа ја намалува неговата концентрација во организмот и ви помага да се чувствувате смирено и фокусирано.

 

Ја намалуваат физичката болка

Кога чувствувате физичка болка, солзите сами ви потекуваат и и на овој начин телото го намалува чувството на болка. Истражувањата откриле дека покрај тоа што ве смируваат, солзите ослободуваат окситоцин и ендорфин. Овие хемикалии влијаат на благосостојбата кај луѓето и можат да ја ублажат физичката и емоционалната болка.

 

Прегледи:
595
Објавено на:
10.03.2020