Актерот Чак Норис го прослави 80-тиот роденден
Роден како Карлос Реј Норис, прекарот го добил уште на 18-години додека служел во воздушните сили. Додека бил стациониран во воздушната база Осан во Јужна Кореа, започнал да учи боречки вештини.
Норис е првиот човек од западот кој заработил црн појав од 8 степен во таеквондо.
Во 1972 година се појави во филмот за боречки вештини The Way of the Dragon каде тој и Брус Ли ја имаа легендарната сцена на борба во римскиот Колосеум.
Норис глумеше тексашки ренџер во хит серијата Walker која траеше осум сезони.
Вицовите за чак Норис обично се апсурдни преувеличени тврдења за Норисовата жилавост, сила, мажественост и цврстина.
Самиот Норис изјави дека една од неговите лично омилени шеги е таа дека луѓето сакале да ја додадат неговата глава помеѓу монументалните 18-метарски скулптури на главите на поранешните претседатели на САД, но гранитот не бил доволно цврст за неговата брада.