Категории

Експертите откриваат што е потребно за добро да процените личност која штотуку сте ја запознале

А тоа ќе го знаете за помалку од една секунда.

Експертите велат дека во првите неколку секунди по средбата можете да направите реална проценка на личноста пред вас, а еве како:

Дали може да му верувате на некој, може да одлучите во рок од една секунда, покажаа истражувањата од Принстон. Истражувачите им дадоа на група студенти 100 милисекунди за од лицата на актерите да отценат привлечност, симпатичност, сигурност, компетентност и агресија.

За истата активност, на друга група и било дадено време подолго. Од сите карактерни црти единствено за сигурноста, двете групи се изјасниле во еден момент без размислување.

Машката сексуална ориентација се „чита“ за помалку од една секунда, односно толку време колку што е потребно свесно да се препознае нечие лице. Британското истражување помина чекор понатаму во заклучокот дека жена со видлива тетоважа се доживува за помалку привлечна, промискуитетна.

Ние посматраме не само како изгледа некој, туку и како чекори. Луѓето со поопуштено одење се сметаат за поотворени и склони кон авантура, додека краткиот отсечен чекор укажува на невротизам, велат истражувачите од универзитетот Дурам.

Прегледи:
579
Објавено на:
11.03.2020