Категории

Колку ви е душата подобра, толку судбината ви е потешка

Добрите луѓе, луѓето со добро срце, отсекогаш страдаат. Им замеруваат што не го разбираат светот, им зборуваат дека никогаш нема да имаат поддршка, почестени се со навредливи зборови и потсмев.

Па сепак, останале љубезни и добри во душата. Продолжуваат да даваат подршка дури и кога се одбиени. Се обидуваат да го променат овој свет, покажувајќи дека парите не можат секогаш се’ да решат.

Повеќе сакаат, повеќе разбираат, подобро слушаат и на крајот се посреќни. Тешко е да се биде добар овие денови. Тешко е да се носите со профитерите, крадците и тешко е некаде да се дојде без мито.

Тешко е да се сака, дури и ако не сте толку сакани. Тешко е и понекогаш се чини невозможно, но таа љубезност која луѓето со добро срце ја имаат, не се купува со сите пари и статуси во светот.

Бидејќи од тој момент кога ќе одбиете да бидете безобразни и ладни, манипулатори и злобни, вие сте поголеми од нив. Можеби е вистина, колку душата е подобра, тоа е судбината потешка. Но, животот станува прекрасен !

Слободни сте, искрени сте и подготвени да го напуштите светот на темните бои. Можете да сакате колку што ви се сака, да давате колку што посакувате, можете да се фокусирате на моментот и да бидете среќен човек. Оставете ги сите глупости, сите грижи, сета завист. Бидете среќни, добри и љубезни како досега!

Прегледи:
772
Објавено на:
13.03.2020