Категории

(ВИДЕО) Ве водиме на прошетка низ импресивната улица на уметноста во Париз

Откако ќе заврши пандемијата која владее низ цел свет, Париз е една од најпосакуваните дестинации кои може да ја посетите.

Освен по романтичните прошетки покрај Сена, ручекот во шармантниот Латински округ и најдобрите светски музеи, Париз исто така е познат и по својата улична уметност.

Ако се изгубите низ улиците на овој вечен град, воопшто нема да ви е досадно. Освен што е правилно граден во круг и совршено поврзан со јавниот промет, прошетката по одредени улици ќе ве остави без здив. Ние одлучивме да ве одведеме на виртуелна прошетка низ округот 13-th Arrondissement кој дефинитивно ќе ве воодушеви.

Музеј под отворено небо

Освен што на секој агол можете да пронајдете мали уметнички галерии, и да ги посетите најдобрите светски музеи, Париз е посебен по тоа што можете да уживате во уметноста и под отворено небо и тоа бесплатно. Уметноста која расте по улиците, во самото срце на Париз.
Ви споделуваме неколку прекрасни фотографии низ кои можете да уживате во неговата улична уметност.

Прегледи:
578
Објавено на:
17.03.2020